Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата.
Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица.
Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија во 28 населени места во окрузите Бакау и Харгита.
Романската Служба за вонредни ситуации соопшти дека добила 751 повик за помош, при што биле спасени повеќе од 400 луѓе, кои биле заглавени во автомобилите на патиштата во Ботошани.
