Македонското лекарско друштво денеска организира свечен собир по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април.
Како што соопштуваат од Македонското лекарско друштво, темата на годишниот настан е „Здравје за сите”.
Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7-ми април секоја година, под покровителство наСветската здравствена организација (СЗО).
