HomeАктуелноСпасовски во работна посета на Брисел

Спасовски во работна посета на Брисел

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предводи делегација од МВР во работна посета на Брисел, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски.Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, ќе ја посети Канцеларијата на Советот на европските полициски синдикати (CESP) каде што ќе оствари билатерален состанок со претседателот на CESP, Рикардо Валадас, по што ќе учествува со свое обраќање на презентацијата на Стратешкиот документ „Негување на семето на промените:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како новиот полициски пристап може да ја обликува иднината на Европа”.Следи билатерален состанок со раководителката на Единицата за соработка во полиција и лишување од слобода во Генерален директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа, Тања Ракушиќ Хаџиќ.Во рамки на посетата на Брисел, министерот Спасовски ќе ја посети и Постојаната мисија на Северна Македонија при НАТО, каде што ќе оствари средба со амбасадорот Дане Талески.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.