HomeАктуелно„Стави појас! “, превентивна активност на МВР и РСБСП

„Стави појас! “, превентивна активност на МВР и РСБСП

Денеска (13.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на регионалниот пат Кавадарци-Неготино спроведоа превентивна акција под мотото – „Стави појас при управување на вoзило“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на активноста која што се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на возачите им беше укажувано за законската обврска за почитување на одредбите по однос на користењето на сигурносните појаси како безбедносна мерка, чие што непочитување повлекува санкции нормирани во Законот за сообраќај. Исто така на возачите им беа делени и печатени едукативни материјали изработени со поддршка од РСБСП со содржина од областа на безбедноста во сообраќајот и безбедното управување со возило.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.