HomeАктуелноВремето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и
проследени со појава на грмежи.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.