Ковачевски целосно потчинет на ДУИ не смее ни збор да каже за криминалот и непочитување на државата, Уставот, но и на Рамковниот договор од страна на Бујар Османи.
Ковачевски молчи, а ДУИ и Османи се вадат на картата дека се предизвикува етничка нетрпеливост секогаш кога некој ќе побара одговорност за сторениот криминал, кршење на Уставот, законите или понижувањето на државата.
Османи е министер на Македонија и плата зема од Македонија и нејзините граѓани, затоа најмалку што може да направи е да се извини и да си поднесе оставка.
Ковачевски пак кој си го гледа својот интерес и молчи на сето ова, покажува дека не може ни да ја води владата, а ни државата. Само избори се спасот од оваа криминална и недржавничка влада.
