HomeАктуелноСообраќаен режим во центарот на Скопје поради реконструкција на ул. „Даме Груев“

Сообраќаен режим во центарот на Скопје поради реконструкција на ул. „Даме Груев“

ЈП Улици и патишта-Скопје  информира дека денеска и утре од 8 до 15 часот привремено ќе има режим на сообраќај во дел од центарот на Скопје поради реконструкција  на коловозот на улицата „Даме Груев“ односно машинско гребење на оштетениот асфалт.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти претпријатието, привремениот режим на сообраќај ќе биде воведен на ул. „Даме Груев“ во насока од крстосницата со ул. „Димитрија Чуповски“ до ул. „Македонија“ и ќе биде обележан со соодветна сигнализација.

-Поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти, соопшти ЈП Улици и патишта-Скопје  и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат брзина на движење на условите на патот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.