Не престануваат пријавите на граѓани дека биле нападнати или каснати од куче скитник.
На 23.04.2023 во 14.35 часот во Полициската станица Кичево, Х.А.(25) од Кичево пријавил дека на ул.„Методија Стефаноски” бил каснат од куче скитник.
На 23.04.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Кичево, Л.З.(23) од Кичево пријавил дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод бил каснат од куче скитник.
На 23.04.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Кичево, Р.Т.(44) од Кичево пријавил дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод бил каснат од куче скитник.
По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?
