HomeАктуелноПолицијата уапси криминалец баран со потерница за издржување затворска казна

Полицијата уапси криминалец баран со потерница за издржување затворска казна

На 26.04.2023 во 15.40 часот на ул.„Емин Дураку“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.