HomeАктуелноВучиќ откри што рекол убиецот по апсењето: Ѓубре едно, во Србија најде да го славиш Хитлер

Вучиќ откри што рекол убиецот по апсењето: Ѓубре едно, во Србија најде да го славиш Хитлер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека уапсениот убиец од Младеновац носел маица со нацистички симболи. Тој во обраќањето до јавноста по вториот масакр во рок од два дена откри што рекол убиецот по апсењето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вучиќ рече дека убиецот од Младеновац повторувал еден збор – „омаловажување“. Тоа го кажа сто пати, на прашањето за мотивите на злосторството.

Тој кажа и дека уапсениот убиец од Младеновац носел маица со нацистички симболи.

Во Србија најде да го славиш Хитлер, кој уби толку луѓе овде? Ѓубре едно. Тука баш најде да му се восхитуваш. А на полицајците и викал: „Почит, почит“, кога го уапсија – додаде претседателот. Вучиќ кажа и дека побарал враќање на смртната казна во Србија, но бил одбиен од Владата. Тој порача дека убиецот нема никогаш да излезе од затвор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.