HomeАктуелноСпасовски во Амбасадата на Република Србија се потпиша во Книгата на жалост

Спасовски во Амбасадата на Република Србија се потпиша во Книгата на жалост

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска во Амбасадата на Република Србија се потпишав во Книгата на жалост.

Во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и во лично име изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ за големата трагедија во која згаснаа млади животи.

Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.