На 01.07.2023 година во 04.30 часот, во СВР Охрид приведен е А.М.(39) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава , информираат од СВР Охрид.
На 28.06.2023 година во 19.45 часот, на улицата „Марко Нестороски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу В.Б.(73) и В.Н.(45), двете од Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава , додаваат од СВР Охрид.
