HomeАктуелноТројца малолетници приведени поради кражба на автомобил

Тројца малолетници приведени поради кражба на автомобил

Тројца малолетници се приведени откако биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, соопштуваат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, кај нив бил најден мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.

Како што велат од полицијата, во присуство на родителите извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела, исто така одземените предмети им се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.