HomeАктуелноБез зурли, тапани и чочеци пуштен дел од автопатот Охрид-Кичево

Без зурли, тапани и чочеци пуштен дел од автопатот Охрид-Кичево

Од денеска пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља“ до Подмоље.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

СВР Охрид ги информира граѓаните дека денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец,  беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга. 

Апелираме до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот, информираат од МВР.

Се што правиме е со цел развој на Охридскот регион и туризмот во Охрид, потенцира министерот и додава дека продолжуваат со силно темпо работите и на останатите делови од автопатската делница Кичево- Охрид.

Делницата Подмоље – Охрид ја вративме за сообраќај денес за сите возила и пред рокот 10 јули што го ветивме со директорот на ЈП за државни патишта Рустеми, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на завршувањето на градежните работи на тој потег од автопатската делница.

Од денеска сите граѓани, туристи, и сите што ја користат оваа делница ќе можат да возат по главната траса за побезбеден сообраќај. – напиша министерот во објавата на фејсбук.

Се што правиме е со цел развој на Охридскот регион и туризмот во Охрид, потенцира министерот и додава дека продолжуваат со силно темпо работите и на останатите делови од автопатската делница Кичево- Охрид, додава министерот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.