HomeАктуелноПриведен крадец по распишана централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна

Приведен крадец по распишана централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна

Денеска (13.07.2023) во 14.35 часот на ул.„Крушевска Република” во Струмица, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода Р.Е.(25) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Струмица, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.