HomeАктуелноПриведен прилепчанец по претрес на неговиот дом

Приведен прилепчанец по претрес на неговиот дом

Вчера утрото во 10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.М.(38) од Прилеп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.