HomeАктуелноПриведен крадец, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

На 15.07.2023 во 17.00 часот на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска” од Ф.Ј.(44) од Република Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи , пари и други предмети. Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.