HomeАктуелноНападнат снимател на ТВ 24 во обид да сними сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп, реагираат и од ЗНМ

Нападнат снимател на ТВ 24 во обид да сними сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп, реагираат и од ЗНМ

Снимателот на ТВ 24,  враќајки се од снимање со колега од МРТВ на патот Градско – Прилеп кај Росоман биле биле сведоци на сообраќајна несреќа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во обид да го документираат настанот, снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена опремата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи СВР Велес.

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ  остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев. Велат дека ќе ја следат истрагата и ќе инсистираат на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата го пријави случајот во ЗНМ и изјави:

Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата, информираат од ЗНМ.

ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.