HomeАктуелноПриведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 18.07.2023 во 09.15 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(20) од Скопје. Тој управувал мотоцикл за кој постоело сомнение дека бил одземен.
С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Мотоциклот бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.