ЦУК: Кумановските пожарникари успешно изгаснаа неколку пожара до доцна во ноќта на нивна територија, а пред тоа и БППЗ на Град Скопје од скопска страна ликвидираше пожари на отворено
Центарот за управување со кризи по добиени информации на единствениот телефонски број за итни случаи во ЦУК и Секторот за операции и координација, известува за реализирани противпожарни дејства. Конкретно, денеска попладне, до доцните вечерни часови скопските и кумановските пожарникари имаа акции за гаснење на пожари на отворено и успешно се справија со огнот, при што во дел од работата дејствуваа во содејство и со месното население коешто со трактори вршеше пресеки на одредени ниви со сува вегетација.
Регионалниот ЦУК Куманово по остварениот контакт во 21.45 часот со заменик командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово известува дека екипата којашто работеше на гаснење на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак го изгасна и во моментов се враќаат во својата единица. Исто така и пожарот во атарот на с. Лојане е ликвидиран, а пожарникарите се повлечени од терен и во моментов се враќаат во својата базна станица.
Инаку, при првото информирање за излегувањето на терен на пожарникарите и гаснењето на пожарот во кумановскиот регион информиравме дека Регионалниот ЦУК Куманово во 17.46 часот извести дека, по остварениот контакт во 15,30 часот со заменик командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, екипата со две ПП возила и седум пожарникари била на терен за гаснење на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак, при што гаснеше запалена сува трева и стрниште. Паралелно, од Скопска страна беше гасен пожар на отворено кај с. Дељадровце од страна на БППЗ на Град Скопје што беше изгаснат околу 18.15 часот, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, заедно со командантот по гасењето на пожарот на отворено кај Дељадровце, Скопско и се вратија во Скопје, во нивната база. Тоа беше информирано токму кога почна и беше во тек и противпожарната акција на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце, Кумановско. Истовремено, беше известено дека една екипа на ТППЕ Куманово интервенира од 16.15 часот на опожарена сува трева и стрниште и во атарот на с. Лојане со едно ПП возило и три пожарникари.
