HomeАктуелноСвети свештеномаченик Панкратиј

Свети свештеномаченик Панкратиј

Панкратиј живееше во времето кога Исус Христос проповедаше во Палестина. Се роди во Антиохија. Кога неговите родители слушнаа за Галилејскиот пророк се упатија во Палестина заедно со малечкиот Панкратиј. Ја почувствуваа силата на Христовите зборови, што ги слушаа лично од устата на Спасителот, и целиот дом го прими светото крштение. Подоцна апостолите Петар и Павле го одредија Панкратиј за епископ на сицилискиот град Тавроменија, каде што со голема сила и чуда го проповедаше распнатиот и воскреснат Христос. За него и пострада маченички. Беше убиен со камења од јазичниците.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.