HomeАктуелноВрие од мечки во Галичник, галичани бараат помош од државата за да се справат со мечките кои им влегуваат во селото

Врие од мечки во Галичник, галичани бараат помош од државата за да се справат со мечките кои им влегуваат во селото

Галичани бараат помош од државата за да се справат со мечките кои им влегуваат во селото.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Месната заедица Галичник објави дека во повеќе наврати во изминатите години официјално се обратиле до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот.

Од тука велат дека дописи до институциите биле доставени и во изминатите години, со истите апели – надлежните да дејствуваат.

Според нив, се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.

„Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинетите диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, велат од Месната заедница Галичниик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.