HomeАктуелноПожари на „Гоцева шума“, интервенираа хелихоптерите

Пожари на „Гоцева шума“, интервенираа хелихоптерите

Според последните информации, вечерва околу 20:07 часот, пожарот кај местото викано „Гоцева шумка“ е 90 отссто изгаснат, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Фејсбук.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од таму додаваат дека пожарот кај село Копришница, во Оштина Демир Капија, сè уште е активен.

Таму гори сува трева и нискостеблеста шума- прнар, а врз огнот интервенираат шест пожарникари со 2 противпожарни возила од ТППЕ Неготино.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите за пожари на отворено, известува дека во последното деноноќие до утрово имало 17 пожари: Скопско 6, Неготинско 1, Демиркаписко 1, Битолско 1, Струмичко 1, Охридско 1, Струшко 2, Кочанско 1 и Кумановско 3 пожари. Горела претежно ниска шума, стрништа, нискостеблеста вегетација и борова шума.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека поред последните утрински информации, пожарот на место викано „Гоцева шума“, Општина Неготино е ставен под контрола. На терен биле два пожарникара со едно ПП возило, кои вршат догаснување на пожарот каде што на одредени места се уште се забележува чадење. Во пожарот била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.