HomeАктуелноМНР: Причините за повлекувањето на амбасадорот во Токио не се тие со кои шпекулира ВМРО-ДПМНЕ

МНР: Причините за повлекувањето на амбасадорот во Токио не се тие со кои шпекулира ВМРО-ДПМНЕ

Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.

Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

Министерство за надворешни работи

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.