Пламен, густ чад и непријатна миризба веќе неколку дена се секојдневние на депонијата кај Буково.
Чад и пламен во вечерните часови може да се забалежи и на магистралниот пад Охрид-Ресен, додека до нашата редакција реагираат и мештаните од соседните села кој сведочат за лошата состојба на овој терен, непријатната миризба и чадот претставува секојдневен проблем што придонесува сред планина да дишат загаден воздух.

Од РЦУК – Охрид за powerinfо велат дека на местото на депонијата интервенција имале пред два дена, додека во текот на вчерашниот ден немало пријава за пожар.
Од ЦУК апелираат до сите граѓани и мештаните од оваа околина доколку биде забележан повторно пожар да се обратат на телефонскиот број 112.
Дежурните екипи се постојано на терен, тажно е што секоја година се соочуваме со овој проблем, се надеваме дека граѓаните ќе се однесуваат совесно, општествено и еколошки одговорни, додаваат за powerinfo од ЦУК.
Информацијата дека веќе интервенирале за powerinfo.mk ја потврдуваат и од противпожарната единица – Охрид.
Подготвил
Елена Ристеска
фото: powerinfo.mk
