Во престрелката што се случи синоќа, на 4 август, во кафуле во Приштина, едно лице загина, а 16 лица се повредени.
Едно лице загина од повредите здобиени во синоќешната престрелка во приштинското кафуле „Бон Вивант“, пишува Газета експрес.
Докторот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега потврди дека се работи за 39-годишен маж.
Еден од повредените почина. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди, изјави Ука.
Во престрелката што се случила синоќа во кафуле во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје.
На пукањето му претходела расправија меѓу две групи млади мажи, пишува Косово онлајн.
