HomeАктуелноПоследното деноноќие избувнаа 23 пожари на територија на Македонија

Последното деноноќие избувнаа 23 пожари на територија на Македонија

ЦУК: Утрински биланс за пожари во последното деноноќие.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во ЦУК, од вчера, (14.08.2023 година – понеделник) во последното деноноќие, имаше пријави за 22 пожари врз коишто се интервенираше на отворен простор, од којшто еден е се уште активен – во Прилепско и има еден новопојавен пожар, од утрово денеска во Кривопаланечко, со што вкупно се 23 пожари.

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека во ТППЕ Крива Паланка во 07:50 часот е примена информација за пожар кај село Крлља, Општина Крива Паланка. На местото на пожарот е упатена екипа од 3 пожарникари со едно ПП возило. Во 08:00 часот за гаснење на пожарот во село Кркља, е упатена и екипа од 4 лица со едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Осогово“ од Крива Паланка во состав. Инаку, денеска се уште е активен пожарот од вчера, во Општина Прилеп (запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума).

Инаку, заради брзото ширење на пожарот беше интервенирано со 3 авиони на ДЗС што направиле по два прелета.

Изгаснати пожари се во: – Скопско, во општините Сарај 1 (запалена сува трева), Бутел 1 (запалена сува трева) и Аеродром 1 (запалено сува трева и отпадоци); – Општина Прилеп 2 (сува трева, грмушки ) ; – Општина Демир Хисар 1 (сува трева); – Општина Охрид 1 (запалена борова шума); – Општина Македонски Брод 1 (сува трева – ливади); – Општина Дебар 1 (запалена сува трева); – Општина Виница 1 (запалено сува трева); – Општина Проби Штип, 1 (запалено стрниште); – Општина Тетово 1 (запалена сува трева); – Општина Гостивар 1 (запалена сува трева, и ѓубре); – Општина Куманово 5 (запалени сува трева, стрниште); – Општина Липково 1 (запалено стрниште); – Општина Штип 1 (запалена сува трева) и во – Општина Прилеп 1 (запалена сува трева)

 

извор: ЦУК

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.