HomeАктуелноПолицијата со засилени сообраќајни контроли, на „мета“ се возачите со брзо возење

Полицијата со засилени сообраќајни контроли, на „мета“ се возачите со брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 215 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.