HomeАктуелноПериодов се соочуваме со зачестена појава на стомачни вируси – Еве како да се справиме со истите

Периодов се соочуваме со зачестена појава на стомачни вируси – Еве како да се справиме со истите

Периодов се сообучаме со зачестена појава на стомачни вируси. Главните симптоми на оваа појава се треска, повраќање, итензивна дијареа, дехидратација, изнемошливост.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ги прашавме лекарите како да се справиме со оваа појава. Главен совет на лекарите при вакви симптоми  е како превензија избегнувајте термички необработена храна, контакти со веќе заболени лица и вршете почеста хигиена на рацете и пиење на повеќе течности.

Стомачен вирус или гастроентеритис е воспаление на гастроинтестиналниот тракт предизвикано од вируси. Најчести вируси што предизвикуваат „стомачен грип“ се ротавирус, норовирус, аденовирус. Вообичаените симптоми што се појавуваат се гадење, повраќање, дијареја, болки во стомакот, покачена телесна температура. Симптомите се најизразени во првите неколку денови, по што треба да почнат да се намалуваат (иако е можно да траат и до десет дена). Но ако има крв во столицата или при повраќање, столица со непријатен мирис, задолжително консултирајте се со лекар, како и ако симптомите не поминат по неколку дена или дури и се влошат.

Најзагрозени групи се малите деца, старите и снеможени лица, лицата со ослабен имунитет и оние што поминуваат многу време во големи колективи, како и лицата што живеат во нехигиенски услови или не се грижат доволно за хигиената.
Нема специфични лекови, но постои симптоматска терапија што може да ги ублажи симптомите и да го забрза времето на закрепнување. Затоа се препорачуваат одмор, антипиретици, вода, супи и чаеви за спречување дехидрација, адаптирана исхрана (ориз, варен компир, банани) и пробиотици. Треба да се избегнува мрсна, пржена, солена и зачинета храна, алкохол, млеко и млечни производи. Пред сѐ, треба да се зајакне имунитетот, да се внесуваат доволно витамини и минерали, како и да спроведуваат хигиенски мерки (почесто да се мијат рацете и да се дезинфицираат предметите и површините што се користат секој ден).

Пробиотиците може да се земаат и превентивно во сезоната на стомачни вируси, бидејќи помагаат за одржување добро здравје и за подобрување на имунолошките функции со одржување на нормалната гастроинтестинална функција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.