Антимакедонски пораки меѓу кои „Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ се испишани на мостот „Око“ во центарот на Скопје пред Археолошки музеј.

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.
