HomeАктуелноАвион принудно слетал во Сингапур, девет лица се повредени

Авион принудно слетал во Сингапур, девет лица се повредени

Девет патници се повредени кога во авион на Ер Чајна поради пожар на моторот влегол чад во кабината и поради тоа принудно слетал во Сингапур каде патниците се евакуирани, соопштено е утринава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Ербас А320 со 146 патници и девет членови на екипажот принудно слета вчера околу 16 часот и 15 минути, објави Аеродромската управа на Чанги на својата фејсбук-страница.

Летот доаѓал од Ченгду во кинеската провинција Сечуан. Девет лица се здобиле со полесни повреди поврзани со вдишување чад и рани за време на евакуацијата, се вели во соопштението.

Пилотот прогласил вонредна состојба кога пријавил чад во предниот дел на авионот и во тоалетот. -Пожарот на левиот мотор бил изгаснат при слетувањето на авионот, јавуваат кинеските медиуми.

Прелиминарната истрага покажа дека причината е механички дефект на моторот, објави Ер Чајна рано утринава преку социјалните мрежи. Истрагата за причините продолжува.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.