HomeАктуелноОсомничениот за кражба во Шуто Оризари го призна делото, одземеното вратено на сопственичката

Осомничениот за кражба во Шуто Оризари го призна делото, одземеното вратено на сопственичката

Педесет и едногодишен скопјанец А.Х. денеска на полицијата и признал дека завчера во Шуто Оризари од возило украл чанта со мобилен телефон.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Полициската станица Чаир денеска бил повикан А.Х.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека на 12 септември во Шуто Оризари извршил кражба, при што од отклучено возило, сопственост на Р.И.(33) од Скопје, одзел чанта со мобилен телефон, соопшти МВР.

Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.