HomeАктуелноПриведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација

На 14.09.2023 околу 20.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода М.Џ.(24) од с.Батинци. Тој бил затекнат како со товарно возило „там” врши транспорт на огревно дрво без документација.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.