HomeАктуелноВременска прогноза – Најновите информации од УХМР

Временска прогноза – Најновите информации од УХМР

Сончево со мала до умерена облачност, попладне претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. UV=6

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

Во Охрид сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде повремено нестабилно, но и понатаму со сончеви периоди и топло. Во вторник претежно во северните делови и во среда од пладневните часови ќе има појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и краткотрајно засилен ветер понекаде со поинтензивни процеси. Утринската температура во поголемиот дел од населените места нема многу да се менува, прогнозира УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.