Синоќа на патниот правец Струга-Радолишта беше удрена мечка од возило во движење.
Имено, мечката се здоби со тешки повреди од ударот на автомобило, при што почина на местото на настанот и покрај напорите на мештаните да ја спасат.
Овој немил настан направи и краток сообраќаен метеж, кој по кратко време беше регулиран од сообраќајната полиција при ОВР Струга.
