HomeАктуелноОхриѓанката Николина го доби монашко име Теодосија откако се замонаши во манастирот Пречиста во Кичево

Охриѓанката Николина го доби монашко име Теодосија откако се замонаши во манастирот Пречиста во Кичево

Божествена благодат бликаше сношти, радост се отсликуваше на сечие лице, трепереше секој поклоник дојден тука во слава и поклонение на Пречистата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И Таа, благодатно присутна меѓу нас, со топла љубов ги исполнуваше срцата на сите поклоници и молители. Сепак, несомнено најсилно таа ја прегрна својата нова монашка рожба, духовно родена и воспитана за монашки подвиг од нашиот Старец, а сега принесена пред светиот олтар под закрилата на старешинката на Обителта, монахиња Харитина.

А таму, пред светиот и сечесен олтар, пред тој свештен простор во кој невидливо пребива Самиот Христос и целата небесна Црква, нашата сестра Николина, ги положи возвишените монашки завети и од рацете на нашиот монахољубив архипастир, Високопреосветениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ја прими рамноангелската монашка схима, облекувајќи се во светата облека на доброволното сиромаштво, девственост, послушание и духовна радост.

Новопотстрижената сестра Теодосија, вбројувајќи се во ангелскиот монашки ред, го доби славното име на светата Преподобномаченица Теодосија Константинополска, која сега стана нејзина моќна застапница пред Бога. Новата невеста Христова го доби тоа монашко име исто така и во чест на достојно споменуваниот ктитор на денешниот величествен соборен храм на Манастирот, блаженоупокоениот игумен Теодосиј, кој ја изградил оваа црква во 1848 година. – стои во објавата на Бигорски Манастир.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.