HomeАктуелноСредба на премиерот Ковачевски со романската амбасадорка Аксинте: Позициите на линија на ЕУ и НАТО се уште една потврда дека местото на Северна Македонија е во ЕУ

Средба на премиерот Ковачевски со романската амбасадорка Аксинте: Позициите на линија на ЕУ и НАТО се уште една потврда дека местото на Северна Македонија е во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашата држава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и заеднички е изразено очекување за натамошен развој на пријателските односи помеѓу двете држави.

Притоа, потенциран е континуитетот на поддршката од Романија за европските перспективи на Република Северна Македонија, како нешто што нашата држава го заслужува, со реализацијата на реформите и политиките на добрососедство. Почетокот на преговорите е оценет како важен и во насока на стабилноста на Западен Балкан и на самата Европска Унија.

Исто така, поздравени се брзите реакции на Република Северна Македонија во врска со ситуацијата во Украина и јасните позиции на нашата држава, кои што се на линија на политиките на НАТО и на ЕУ. Ова, како што е констатирано, е уште една потврда дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски потврди дека Република Северна Македонија е поставена стопроцентно на линија на политиките на ЕУ и на НАТО во осудата на руската инвазија во Украина, дека државата донесе одлука за доделување на потребната помош на украинскиот народ и ја објави, како и дека нашата земја е подготвена и за прием на бегалци од Украина, доколку тоа се покаже потребно.

На состанокот, заеднички се потенцирани како значајни членството на двете држави во НАТО,  потребата од заедништво и солидарност и ставот дека отворените прашања се решаваат низ дијалог, со цел зачувувањето на мирот и безбедноста.

Во однос на европските аспирации на нашата држава, премиерот Ковачевски се заблагодари за искрената и пријателска поддршка од Романија.

Тој соопшти дека односите со Република Бугарија се поставени на принципиелно ниво на меѓусебно почитување, а во однос на ситуацијата во државата рече дека монетарниот и фискалниот систем се стабилни, што покажува на стабилност на економијата и дека државата се справува со економските предизвици од светската криза.

На средбата е разговарано и за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија во повеќе области, како што се економијата и борбата против криминалот и корупцијата, како и за можностите за споделување корисни искуства од Романија во процесот на пристапување кон ЕУ.

Извор:Влада

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.