HomeАктуелноПриведен измамник во Скопје, следува соодветна пријава

Приведен измамник во Скопје, следува соодветна пријава

На 02.11.2023 околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско. Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.