HomeАктуелноУХМР ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Продолжува невреме проследно поројни дождови, грмотевици и силен ветар

УХМР ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Продолжува невреме проследно поројни дождови, грмотевици и силен ветар

Времето денеска во земјава ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.

Синоптичарите најавуваат дека во следните часови не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.

Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.