На 07.11.2023 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на Г.Л.(39) од Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се две опаковки со бела прашкаста материја, како и повеќе предмети со траги од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
