HomeАктуелноКолку Скопје е безбеден град? Нова интервенција на полицијата, малолетници со нож ограбиле двe лица во Градскиот парк

Колку Скопје е безбеден град? Нова интервенција на полицијата, малолетници со нож ограбиле двe лица во Градскиот парк

Денеска во 00.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје, поради тоа што на 09.11.2023 околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје, со закана со остар предмет од две лица одзеле пари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво, соопшти полицијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.