HomeАктуелноМаричиќ избран за член на претседателството на ПЕС, Шекеринска доби нов мандат како потпретседател

Маричиќ избран за член на претседателството на ПЕС, Шекеринска доби нов мандат како потпретседател

Македонските социјалдемократи со огромен придонес во градењето прогресивна и одржлива Европа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Конгресот го избра новото раководство на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) меѓу кои останува нашата другарка Радмила Шекеринска, која е реизбрана за потпретседателка на ПЕС.

Свој придонес во заложбите и целите на Партијата на европските социјалисти за справување со предизвиците и созадавање на нови можности за граѓаните ќе дава и секреторатот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, кој е избран за член на Претседателството на ПЕС.

Нивниот избор во највисокото раководство на ПЕС е признание за нашето политичко делување и искуство во креирањето на вистински и прогресивни политики не само кај нас дома, туку и во Европа.

Ова е од особено значење за СДСМ и за Северна Македонија бидејќи преку активноста и учеството во Партијата на европски социјалисти имаме влијание врз економските, политичките и социјалните политики, со што повеќе им се приближуваме и поврзуваме со нашите европски партнери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.