HomeАктуелноИзвестување: Целосно затворена главната влезна улица на село Волино

Известување: Целосно затворена главната влезна улица на село Волино

Се известуваат граѓаните на село Волино дека поради изведување на градежни работи на коловозната лента (бетонирање, тампонирање и подготовка за асфалтирање ) на главната влезна улица во селото, од центарот до мостот на каналот на река Сатеска, во правец на село Требеништа, улицата целосно ќе биде затворена за сообраќај и тоа:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Среда, 15.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-07.00 часот наредниот ден;

Четврток, 16.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот ;

Петок, 17.11.2023 година, во временскиот период од 07.00-17.00 часот .

Се молат граѓаните да го почитуваат новиот режим на сообраќај и за излез и влез во Волино да ги користат алтернативните патишта за Мешеишта, Корошишта и Мороишта, во зависност од релацијата кон која имаат намера да се движат, додаваат од општина Дебрца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.