HomeАктуелноДоаѓа снег на делови на Македонија, од УХМР со најновите информации за временската прогноза

Доаѓа снег на делови на Македонија, од УХМР со најновите информации за временската прогноза

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 17.11.2023
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

Прогноза за 18.11.2023
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 3°C до 12°C

Променливо облачно и студено со слаби локални врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прогноза за 19.11.2023
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Претпладне променливо облачно со провејување на слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен северен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.