HomeАктуелноУченици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на меѓународниот предизвик „Дабар 2023“

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на меѓународниот предизвик „Дабар 2023“

Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од 13-16 ноември 2023 година, учествуваа на меѓународниот предизвик ДАБАР 2023. Тоа е еден вид натпревар наменет за учениците од средните училишта , кој има за цел да ја промовира информатиката и да може вистински да ги идентификува учениците кои имаат висок потенцијал. Истиот е исклучително популарен и се спроведува во повеќе држави, стои во соопштението на училиштето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сите учесници по е-меил ќе ги добијат резултатите и сертификатите за учество од натпреварувањето, кои ќе бидат достапни по завршувањето на натпреварот.

Ментори на овој настан се професорите од нашето училиште: м-р Сања Јованоска, Александра Настоска Николоска, Јулијана Петреска и Гоце Ѓорѓиевски.

 

Извор: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.