Денеска (16.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово.
Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба” и пронајденото ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
