HomeАктуелно263 санкции за брзо возење

263 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 127 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.