На 24.11.2023 година во 22.10 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е М.С.(42) од Охрид, кој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 23.11.2023 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.Д. од Охрид во семејниот дом.физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
