Доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Лавров во Скопје се уште е неизвесно. Иако Македонија дозволи авионот на руската влада да слета во Скопје, се чека одлуката на Бугарија дали ќе дозволи авионот да прелета преку нивна територија. Доколку таквата опција биде затворена, постои можност Лавров и делегацијата да прелетаат и преку Грција. Самиот Лавров вели дека се чини Македонија ја кани Русија на министерскиот состанок, но одлуката е сега кај Бугарија.
Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме. Се чини дека Македонија не повика на состанок на советот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Очигледно, Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме како тие комуницираат таму. Веќе има неколку барања за средби, ако завршиме таму – вклучително и од западните претставници, вели Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи, Лавров во неговата изјава државата ја нарече Македонија, а не Северна Македонија.
