HomeАктуелноНа првиот ден од годината земјотрес со јачина од 7, 6 степени, издадено предупредување за цунами!

На првиот ден од годината земјотрес со јачина од 7, 6 степени, издадено предупредување за цунами!

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на централна Јапонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.

Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција.

Бранови високи повеќе од еден метар го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.